Краток спој
Краток спој[1], кратка врска или куршлус[2] – несакан електричен спој во кој струјата има различен пат од оној кој е нормален за даденото електрично коло. Струјата на кратка врска обично е значително поголема од нормалната, што доведува до прегревање на спојното место, а заради тоа често и до пожари.
Причини
[уреди | уреди извор]Причините за краток спој се различни. Може да биде откажување на компоненти заради различни причини, невнимание при ракување, допир со вода, допир на метални предмети со деловите на електричното кола, глодачи кои ја гризат изолацијата, итн.
Заштита
[уреди | уреди извор]При краток спој на електричните инсталации доаѓа до проток на многу големи струи.
Осигурувачот тога треба да го прекине електричното коло и служи како заштита. Во спротивно, спроводниците се прегреваат и доаѓа до пожар. Друга заштита е изолацијата на жиците и заради тоа тие често имаат повеќеслојна изолација.
Струја на краток спој
[уреди | уреди извор]Ако дојде до кратка врска на линиите за снабдување со електрична енергија или меѓу краевите на батериите, струјата на краток спој ќе биде исклучително голема и ќе биде ограничена само со внатрешниот отпор на батеријата или генераторот и електричните спроводници до местото на кратка врска.
Постојат четири струи на краток спој:
- Ударна струја на краток спој - Iud
- Почетна струја на краток спој - Ip
- Струја на исклучување - Ii
- Трајна струја на краток спој - It
Ударната струја на краток спој е најголема и таа е моментална максимална вредност. Таа е меродавна за пресметка на собирниците и изолаторите.
Почетната струја претставува вредност на краткиот спој на почетокот, чија максимална вредност е еднаква на максималната вредност на еднонасочната компонента на струјата. Оваа струја делува на загревање на спроводницитге и заради тоа е меродавна при изборот на изолаторите.
Струјата на исклучување е делотворна вредност на максималната струја по истекот на времето на исклучување потребно да реагираат елементите за приклучените делници во краток спој. Оваа струја е меродавна за избор на прекинувачот.
Трајната струја на краток спој претставува делотворна вредност на максималната струја на краток спој после исчезнување на еднонасочната компонента, кога доаѓа до стабилизација на напонот на мрежата.
Наводи
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- Principles of Electric Circuits, 7th edition, Thomas I. Floyd, Prentice Hall, ISBN 0-13-098576-7, pp. 163 до 165.