Крак де Шевалие
Крак де Шевалие | |
---|---|
Назив според описот на списокот | |
![]() | |
Критериуми | ii, iv |
Навод | 1229 |
Регион по УНЕСКО | Арабија |
Запис | |
Прогласено | 2006 (30th. заседание) |
Крак де Шевалие (арапски: قلعة الحصن), позната и како Рицарска тврдина е едно од најзначајните места на болничарите крстоносци за време на крстоносните војни. Се наоѓа во денешна Сирија. Првиот замок бил изграден во 1031 година од Емират Алепо. По првата крстоносна војна, замокот бил заземан од крстоносците на чело со Ремон IV Тулушки. Болничарите ја прошириле тврдината, подигнувајќи ѕидини и седум кули. Во внатрешноста била изградена огромна кула со готски стил. Од 2006 објектот бил вклучен во списокот на УНЕСКО.