Косопад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Косопад (латински: Alopecia areata) е автоимуно нарушување коешто се изразува преку опаѓање на косата на јасно ограничени површини на главата.

Опис[уреди | уреди извор]

Главната карактеристика на косопадот е опаѓањето на косата или влакната на кружни површини кои се јасно ограничени. Најчесто, оваа појава се однесува на опаѓање на косата, но може да се јави и на брадата, веѓите и трепките. Најчесто, новите зони на опаѓање на косата или влакната се јавуваат во март и во април. Косопадот може да се јави во полесна или во потешка форма, а прогнозата за излекување е неизвесна. Кај само 20% од случаите на оваа болест се јавува повторен раст на косата и влакната.[1]

Причини[уреди | уреди извор]

Современото објаснување на косопадот е дека станува збор за автоимуна болест. Исто така, се нагласува дека стресот е дополнителен фактор што го активира автоимуниот одговор на организмот против сопствените влакна. Притоа, влакното многу рано преминува од фазата на раст во фазата на мирување, што е проследено со опаѓање.[2]

Дијагноза[уреди | уреди извор]

Специфичните промени што може да укажат на појава на косопад се утврдуваат со помош на скенирање на коренот на влакното и на самото влакно при што се оценува капацитетот на коренот за повторно создавање влакно.[3]

Терапија[уреди | уреди извор]

Вообичаено, третманот на косопадот вклучува: ампули богати со материи што го хранат коренот на косата, мезотерапија и ласерска биостимулација на растот на косата.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Весна Игњатовиќ-Стоиљковиќ, „Опаѓање на косата во форма на кругови (Alopecia areata)“, Здравје, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 17.
  2. Весна Игњатовиќ-Стоиљковиќ, „Опаѓање на косата во форма на кругови (Alopecia areata)“, Здравје, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 17.
  3. Весна Игњатовиќ-Стоиљковиќ, „Опаѓање на косата во форма на кругови (Alopecia areata)“, Здравје, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 17.
  4. Весна Игњатовиќ-Стоиљковиќ, „Опаѓање на косата во форма на кругови (Alopecia areata)“, Здравје, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 17.