Кори Хигинс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кори Хигинс

Лични информации
Роден на 14 јуни 1989 (1989-06-14) (30 г.)
Роден во Данвил, Калифорнија, САД
Националност САД САД
Висина 1,96 м
Тежина 82 кг
Позиција бек / крило
Информации за кариерата
Колеџ Колорадо (2007-2011)
Драфт 2011 / Не драфтуван
Проф. кариера 2011–
Мометален клуб
Клуб Барселона Барселона
Број 22
Сениорски клубови
Години: Клубови:
2011
2011–2012
2013
2013–2014
2014–2015
2015–2019
2019–
Ири Бејхокс Ири Бејхокс
Шарлот Шарлот Бобкетс
Ири Бејхокс Ири Бејхокс
Триумф Љуберци Триумф Љуберци
Газиантеп Газиантеп
ЦСКА Москва ЦСКА Москва
Барселона Барселона


Кори Хигинс (англиски: Cory Higgins; роден на 14 јуни 1989, во Данвил, Калифорнија) е американски кошаркар, бек или крило на Барселона.

Кариера[уреди | уреди извор]

Хигинс ја започнал својата кариера на колеџ играјќи кошарка за Колорадо Бафалос на универзитет Колорадо, во периодот 2007-2011. Со 2,001 поен за Бафалос тој е изедначен со Ричард Роби како двајца најдобри стрелци на сите времиња на оваа екипа. Во 2011 година, Хигинс се пријавил на НБА драфтот, но не бил избран од ниту една екипа.

Потоа, истата година тој бил избран како 7-ми пик на драфтот на Развојната лига на НБА од Ири Бејхокс. Таму тој ја започнал својата професионална кариера, а многу брзо потоа тој сепак успеал да потпише НБА договор со екипата на Шарлот Бобкетс. Тој одиграл две сезони за Бобкетс, во кој забележал 44 натпревари со просек од 3,7 поени по натпревар. Откако Шарлот го отпуштил Хигинс повторно заиграл за Ири Бејхокс.[1][2]

Првото европско искуство го имал во 2013 година кога потпишал за екипата на Триумф Љуберци.[3] Со нив во сезоната 2013-2014 бил најдобар стрелец во ВТБ лигата. Во сезоната 2014-2015, настапувал за турскиот Газиантеп.[4]

Во јули 2015, потпишал договор со екипата на ЦСКА Москва.[5] По успешната сезона, ЦСКА ја искористила опцијата да го задржи Хигинс во клубот за уште една сезона.[6] Вкупно за ЦСКА одиграл 4 сезони во периодот 2015-2019, и во тој период освоил две титули во Евролигата и четири во ВТБ Јунајтед лигата.

Во јули 2019, Хигинс потпишал тригодишен договор со шпанската Барселона.[7]

Титули[уреди | уреди извор]

Русија ЦСКА Москва[уреди | уреди извор]

2015-2016, 2018-2019
2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Cats Sign Adrien, Waive Higgins.“. Архивирано од изворникот на 2012-12-12. конс. 2012-12-10. 
  2. BayHawks Acquire Higgins.
  3. Ex-Charlotte Guard Higgins Moves To Russia
  4. Cory Higgins signs with Gaziantep“, „Sportando.com“, 24 јуни 2014 (посет. 24 јуни 2014 г).
  5. Cory Higgins joined CSKA“, „cskabasket.com“, 1 јули 2015 (посет. 1 јули 2015 г).
  6. Cory Higgins stays for another season“, „cskabasket.com“, 16 јуни 2016 (посет. 17 јуни 2016 г).
  7. Barcelona lands two-time champ Higgins“, „EuroLeague.net“, 3 јули 2019 (посет. 3 јули 2019 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]