Корисник:MrchkaD/Општествена стратификација

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Sociology Општествената стратификација претставува општествена категоризација на индивидуите во групи врз основа на повеќе социоекономски карактеристики како богатство, приход, раса, образование, етничка припадност, род, занимање, или општествената и политичка моќ што произлегува од нив. Општествената стратификација, поточно, се однесува на релативната општествена положба на поединците во рамки на една општествена група, категорија, географско подрачје или општествена единица.[1][2][3]

Општествената стратификација претставува централен концепт во социологијата, па согласно со ова, сите промени во промислувањето на општествената стратификација имаат влијание врз севкупната дисциплина. Основачите на социологијата, меѓу кои и Вебер, сметале дека САД, за разлика од Европа е бескласно општество со висок степен на нагорна мобилност. За време на Големата депресија, Роберт и Хелен Линд, во нивната позната студија на Мидлтаун (1937), го документирале јазот помеѓу работничката и бизнис класата во сите сфери на животот. В. Лојд Ворнер и неговите колеги од Универзитетот Харвард, со примена на антрополошки методи ја објавиле студијата Општествениот живот на една модерна заедница (1941) и идентификувале шест класи со дистинктивни супкултури: висока-висока и висока-ниска, висока-средна и ниска-средна, и висока-ниска и ниска-ниска класа. Сепак, во 1990тите САД имале највисока нееднаквост во приходите во споредба со група од дваесет и една индустријализирана земја, како резултат на исклучително ниски примања на поединците на дното на пирамидата на дистрибуција и ниското нивно на поддршка од јавни програми.[4]

Дефиниција и примена[уреди | уреди извор]

Општествената стратификација се однесува на структурните нееднаквости во распределбата на ограничените добра како приход, богатство, моќ, власт и престиж. Во зависност од степенот до кој овие нееднаквости постојат во општеството, се појавуваат стратуми карактеризирани со споделени животни стилови но и општествени ограничувања. Во случај кога следните генерации ги наследуваат општествените позиции на нивните родители, можеме да зборуваме за општествени класи.[4]

Иако разликите на кои се засновани можат значајно да се разликуваат, системите на стратификација се чинат универзално присутни. Стратификацијата врз основа на родот е универзална и со неколку исклучоци, етничките, верските, лингвистичките и националните разлики можат да ја засилат структурната дискриминација.[5] Општествената стратификација претставува централен концепт во социологијата, па согласно со ова, сите промени во промислувањето на општествената стратификација имаат влијание врз севкупната дисциплина.

Концептот на општествена стратификација често е сопоставен на концептот општествена диференцијација. Диференцијацијата го вклучува формирањето на општествени поделби по хорзонтална основа; стратификацијата се однесува вертикално (хиерархиско) рангирање на општествените стратуми. Некои социолози прават дистинкција помеѓу стратификацијата, каде градацијата е имплицитна, со поделбите на општествени класи, кои се сметани за антагонистички. Социолозите исто така прават разлика помеѓу затворени системи на општествена стратификација, како кастинскиот систем, од отворените, како современите класни системи - главната разлика е во можноста за општествена мобилност. Кај затворените стратификациски системи не постои можност за премин од еден во друг стратификациски слој; кај вторите, мобилноста е интензивна, честа и одобрена од општеството. [6]

Како што беше наведено погоре, општествената стратификација претставува централен концепт во социологијата и добива различен третман во различни теориски школи. Претставниците на конфликтната теорија стратификацијата ја сметаат за процес кој е придружен со доминација. Марксистите стратификацијата ја сметаат за резултат на економската експлоатација вградена во класните односи од капиталистичкото општество, додека приверзаниците на Вебер ја сметаат за исходен производ на повеќекратна доминација во комбинација со социоекономски класи, социокултурен статус и социополитичка моќ / хиерархии на моќ.[6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  1. https://courses.lumenlearning.com/sociology/chapter/what-is-social-stratification/. Отсутно или празно |title= (help)
  2. https://socialsci.libretexts.org/Bookshelves/Sociology/Book%3A_Sociology_(Barkan)/06%3A_Social_Stratification/6.0S%3A_6.S%3A__Social_Stratification_(Summary). Отсутно или празно |title= (help)
  3. https://www.thoughtco.com/what-is-social-stratification-3026643. Отсутно или празно |title= (help)
  4. 4,0 4,1 Encyclopedia of Sociology. New York: Macmillan. 2000. стр. 142. На |first= му недостасува |last= (help)
  5. The SAGE Dictionary of Sociology. London: SAGE Publications. 2006. стр. 281. ISBN 0 7619 7481 4. На |first= му недостасува |last= (help)
  6. 6,0 6,1 The Cambridge Dictionary of Sociology. Cambridge: Cambridge University Press. 2006. стр. 586. ISBN 978-0-511-37145-5. На |first= му недостасува |last= (help)