Општествена група

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Група претставува две или повеќе лица кои се наоѓаат во интеракција со одредена намера. Секоја група, независно од тоа кои се намерите за кои е заснована, исполнува неколку карактеристики:

Членство - секоја група вклучува одреден број лица. Членувањето е засновано на праивла. Тие можат да бидат јасно дефинирани и тогаш границите не групата се јасно распознатливи, но можат да бидат непрецизни, што нејзините граници ги прави нејасни. На пр. членувањето во семејството е засновано врз правила на сродството кои се добро дефинирани и кои јасно го разграничуваат семејството од другите семејства. Но, пријателството, обично, не е прецизно дефинирано и затоа членството на пријателска група не е јасно одредено. Или, бројот на членови не работните организации е точно определен, што не може да се каже за припадниците на определена опшествена класа. Положба - Членовите на групата имаат своја положба во неа. Таа најчесто е определена преку нивната работа. На пр. тие имаат положба на мајка, учител, продавач, раководител итн. Некои положби во групата се единствени, додека други ги извршуваат поголем број членови. Од друга страна, некои положби се комплементарни ( татко-син, ученик-учител, продавач-купувач и сл.). Улоги - Секоја положба е проследена со правила на однесување, односно очекувања што треба да ги исполнат носителите на положбата. Исполнувањето на очекувањата е нивната улога во групата. Норми - Секоја група има правила кои се однесувааат исклучиво на нејзиното членство. Од друга страна, некои од правилата се општи и се однесуваат на целото членство, додека други се специфични и се поврзани со одделните улоги во групата. Санкции - Секоја група има систем на санкции со кои ги наградува своите членови за доброто исполнување на улогите, или ги казнува за неисполнетоста и кршењето на групните норми. Цели - Групата е заснована на некакви намери. Тоа може да бидат обезбедувањето на опстанокот, остварување на некои интереси, одржувањето на вредностите, постигнувањето на задоволството итн.