Конзола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Неокласистичка конзола создадена од исправена волута

Конзола (француски: console) — носечки елемен кој се издвојува од рамна површина на ѕид и носи лак, еркер, балкон, скулптура или слично, по некогаш е само испуст од ѕидната рамнина. Прицврстен е во ѕидот само на едната страна.

Историја[уреди | уреди извор]

Во старата архитектура конзолите се од камен и често се богато декорирани со геометриски, флорални или фигуративни мотиви. Од 17 век може да бидат од тули а исто така и од штуко или гипс, кои понекогаш имаат само декоративно значење,

Се појавуваат и во архитектурата на средновековните замоци, како мали конзоли и како поголеми кои носат еркери, мостчиња па и средновековни клозети кои се видливи на ѕидовите на замокот (вакви клозети се појавуваат и во народната архитектура на балканот) и им даваат посебен карактер.

Галерија[уреди | уреди извор]

Напомена[уреди | уреди извор]

Архитектонската конзола не би требало да се заменува со статичката конзола.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • J. Herout, Slabikář návštěvníků památek. Praha 1978, pp. 158.
  • Priruční slovník nauční ČS Akademia vied, Praha 1966.

Поврзано[уреди | уреди извор]