Кокарал (поранешен остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Островот Кокарал на картата на Аралското Море.

Кокарал (казашки: Көкарал што значи Зелен остров) ― остров кој постоел до 1973 година, во Казахстан, во северниот дел на Аралското Море. Имал површина од 273 км2 (1960 година), а највисоката точка му била 163 метар висок рид наречен Даут. На нејзиниот северен брег се наоѓале рибарските села Кокарал, Аван и Акбасти.

Поради намалувањето на Аралското Море, островот станал поврзан со копното во 1960-тите на неговиот западен крај и станал полуостров Кокарал. Од 1987 година, тој стана поврзан со околната земја, исто така, на нејзиниот источен крај, преку Берговиот теснец, претворајќи го полуостровот во проток што го дели Северното Аралско Море и Јужното Аралско Море.[1]

Во 2005 година била завршена браната Кокарал преку Берговиот теснец. Насипот го спречува излевањето на водата од Северното Аралско Море во Јужното Аралско Море и на тој начин придонесува за одржување и зголемување на нивото на водата во северното море.[2] Оттогаш, нивото на водата на Северното Аралско Море е зголемено.[3][4][5][1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Micklin, Philip; Aladin, N.V.; Plotnikov, Igor, уред. (2014). The Aral Sea: The Devastation and Partial Rehabilitation of a Great Lake. Berlin, Heidelberg: Springer Berlin Heidelberg. doi:10.1007/978-3-642-02356-9. ISBN 978-3-642-02355-2.
  2. Saving a Corner of the Aral Sea
  3. Greenberg, Ilan (7 April 2006). „A vanished sea reclaims its form in Central Asia“. International Herald Tribune. Архивирано од изворникот на 22 декември 2017.
  4. As a Sea Rises, So Do Hopes for Fish, Jobs, and Riches – New York Times
  5. „Kazakhstan – Miraculous Catch in Kazakhstan's Northern Aral Sea“. Архивирано од изворникот на 2008-02-14. Посетено на 26 февруари 2023.

46°14′30″N 60°44′10″E / 46.2416666667° СГШ; 60.7361111111° ИГД / 46.2416666667; 60.7361111111