Кирил Каракаш
Кирил Каракаш | ||
Роден | 15 мај 1992 Прилеп, ![]() | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | продуцент режисер сценарист |
Кирил Каракаш (15 мај 1992, Прилеп) — македонски филмски и телевизиски режисер, сценарист и продуцент.[1]
Животопис[уреди | уреди извор]
Кирил Каракаш е роден на 15 мај 1992 година во Прилеп каде го завршил основното и средното образование. Дипломирал филмска и телевизиска режија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје и на истиот факултет продолжил со студии на филмска и телевизиска продукција.
Филмот и фотографијата се важни во неговиот живот уште од 12-годишна возраст кога со својот прв филм учествувал на националниот фестивал за аматерски филм и оттогаш пишува сценарија, режира, монтира и продуцира краткометражни, документарни и долгометражни филмови. Кирил има работено и како асистент режисер и прв асистент режисер на голем број кратки филмови.
Од 2015 година бил асистент менаџер на Националниот фестивал на аматерски филм на Македонија, а во 2019 година заедно со неговиот колега Светислав Подлешанов го презеле раководството на фестивалот. Во последните неколку години работи и како ментор за средношколци во креативен документарен филм за млада публика.
Кирил е добитник на награди за своите фотографии на државни натпревари за фотографија во Македонија. Активен е во хуманитарна фотографија; во 2009 година имал самостојна изложба, а во 2010 година организирал групна изложба за помош на луѓето со посебни потреби. Тој, исто така, работел на проект за подигање на свеста за спречување на трговија со луѓе, а негова фотографија била објавена во 2013 година на насловната страница на списанието „Жени и правда: правен дијалог“ на Институтот за човекови права.
Филмографија[уреди | уреди извор]
Режисер[уреди | уреди извор]
Година | Филм | Забелешка |
2018 | Водата | соавтор Светислав Подлешанов |
2016 | Обожение | соавтор Светислав Подлешанов |
Сценарист[уреди | уреди извор]
Година | Филм | Забелешка |
2018 | Водата | соавтор Светислав Подлешанов |
2016 | Обожение | соавтор Светислав Подлешанов |
Продуцент[уреди | уреди извор]
Година | Филм | Забелешка |
2018 | Водата | соавтор Светислав Подлешанов |
2016 | Обожение | соавтор Светислав Подлешанов |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Kiril Karakash“. Filmfreeway. Посетено на 1 мај 2022.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Кирил Каракаш на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)