Кинеска глицинија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кинеска глицинија

Wisteria sinensis
Chinesischer Blauregen Detail Blütentraube.JPG
Научна класификација
Царство:
Plantae
Колено:
Magnoliophyta
Класа:
Magnoliopsida
Ред:
Fabales
Семејство:
Fabaceae
Подсемејство:
Род:
Врста:
W. sinensis
Биномен назив
Wisteria sinensis

Кинеска глицинија (латински: Wisteria sinensis) — листопаден, повеќегодишен ползавец од родот Wisteria, по потекло од Кина, од провинциите Гуангси, Гуејџоу, Хебеj, Хенан, Хубеј, Шенси и Јунан. Иако е ползавец, може да се формира и во облик на дрво, со брановидно стебло и висечки гранки.

Галерија[уреди | уреди извор]

Може да порасне до висина од 20 до 30 метри. Листовите се сјајни, зелени долги 10-30 сантиметри и широки 9-13 сантиметри. Цветовите се бели, виолетови или сини, со 15-20 гроздови во пролет, кои обично цветаат во средината на мај.

Одгледување[уреди | уреди извор]

Иако потекнува од Кина, нашироко се одгледува во САД. Таму била пренесена во 1816 година и набрзо станала едно од најпопуларните градинарски растенија, токму поради нејзините цветови. Меѓутоа, во некои делови на Соединетите Држави почнала неконтролирано да се шири поради поволната клима, слична на онаа во Кина.[1] Еден примерок од Сиера Мадре дава еден и пол милион цветови на гранките кои надминуваат 150 метри[2] во должина за време на цветањето.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Wisteria sinensis (Sims) DC“. Natural Resources Conservation Service, United States Department of Agriculture. Посетено на 13. 12. 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. Save your orchards and ornamental trees. New York, N.Y: [s.n.] 1884.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Jiang, Yifan; Chen, Xinlu; Lin, Hong (2011). „Floral Scent in Wisteria: Chemical Composition, Emission Pattern, and Regulation“. Journal of the American Society for Horticultural Science. 136 (5): 307–314.
  • Zhang, Shu-yong; Xia, Jiang-bao; Zhou, Ze-fu; Zhang, Guang-can (01. 9. 2007). „Photosynthesis responses to various soil moisture in leaves of Wisteria sinensis“. Journal of Forestry Research. 18 (3): 217–220. doi:10.1007/s11676-007-0044-6. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]