Келена Азубуике

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Келена Азубуике
Kelenna Azubuike (2007).jpg
Азубуике во дресот на Голден Стејт
бек / ниско крило
Лични информации
Роден на16 декември 1983 (1983-12-16) (35 г.)
Лондон, Англија
НационалностАмериканец
Височина6 ст 5 ин (1.96 м)
Тежина215 lb (98 kg)
Информации за кариера
Средно училиштеТалса (Оклахома)
КолеџКентаки (2002–2005)
НБА драфт2005 / Undrafted
Професионална кариера2005–2012
Историја на кариера
2005–2007Форт Ворт Флаерс
2007–2010Голден Стејт Вориорс
2012Далас Маверикс
2012Тексас Легендс

Келена Давид Азубуике (16 декември 1983 во Лондон) — поранешен американско-нигериски професионален кошаркар кој настапувал за екипите на Голден Стејт Вориорс и Далас Маверикс во НБА. Азубуике е роден во Лондон во семејство на нигериски иселеници, но израснал во Талса (Оклахома). Се пријавил на драфтот во 2005 година, но не бил одбран од ниту една екипа. Потпишал за Голден Стејт во јануари 2007,[1] каде останал до 2010 кога бил испратен во Њујорк Никс. За екипата на Никс не настапил ниту еднаш бидејќи му бил раскинат договорот во февруари 2011, шест месеци по трејдот.[2] Во март 2012 Азубуике потпишал за Далас, каде настапил на само три натпревари по што бил разменет во Кливленд Кавалирс, од каде му бил прекинат договорот во октомври 2012.[3]

НБА статистика[уреди | уреди извор]

Регуларен дел[уреди | уреди извор]

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2006–07 Голден Стејт 41 9 16.3 .445 .430 .782 2.3 .7 .5 .2 7.1
2007–08 Голден Стејт 81 17 21.4 .445 .364 .717 4.0 .9 .6 .4 8.5
2008–09 Голден Стејт 74 51 32.1 .464 .448 .808 5.0 1.6 .8 .7 14.9
2009–10 Голден Стејт 9 7 25.7 .545 .370 .679 4.6 1.1 .6 1.0 13.9
2011–12 Далас 3 0 6.0 .375 .333 .000 .0 .0 .3 .0 2.3
Просек 208 84 24.2 .459 .409 .770 4.0 1.1 .6 .5 10.5

Разигрување[уреди | уреди извор]

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2007 Голден Стејт 6 0 2.5 .333 .000 1.000 .7 .0 .2 .0 0.7
2012 Далас 1 0 5.0 .333 1.000 .000 1.0 .0 1.0 .0 3.0
Просек 7 0 2.7 .333 .500 1.000 .7 .0 .3 .0 1.0

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Maloney, Mark. „Ex-Cat Azubuike earning respect of NBA peers : KentuckySports.com“. KentuckySports.com. конс. 2009-07-19. 
  2. „Knicks Acquire Randolph, Azubuike & Turiaf“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. July 9, 2010. конс. July 9, 2010. 
  3. Cavaliers Waive Keleena Azubuike

Надворешни врски[уреди | уреди извор]