Келвин Клајн (моден дизајнер)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Калвин Клајн Ричард (англиски: Calvin Klein; 19 ноември 1942) е американски моден креатор кој ја основаше компанијата што подоцна во 1968 година ќе стане Келвин Клајн АД. Како дополнување на облеката, Клајн, исто така, го даде неговото име за голем број на парфеми, часовници и накит.

Почетоците (Раните години)[уреди | уреди извор]

Клајн е роден во Бронкс од Еврејско-Унгарски емигранти.Се запишал и посетувал средно училиште за уметност и дизајн кое никогаш не го завршил, но затоа добил почесен докторат од Инстититот за мода и технологија од Њујорк во 2003та. Занаетот го учел кај прозводителот на наметки и костими Дан Милштајн, во 1962 и поминал 5 години дизајнирајќи за други Њујоршки продавници. Тој подоцна во 1968 ја лансирал неговата прва компанија со другарот од детството Бари К. Шварц.

Покрај Роберт Денинг и Ралф Лорен, Клајн е еден од водечките дизајнери кои биле израснати во еврејската емигрантска заедница.Калвин Клајн станал штитеник на Баронот Де Гунзбург чии што преставувања го направија Клајн најбаран на Њујоршката елитна модна сцена, дури и пред да го доживее главниот успех со лансирањето на неговата прва линија на фармерки. По неговото прво големо покажување на Њујоршкиот викенд за мода веднаш беше препознаен по својот талент. Клајн беше прогласен за новиот Ив Сен Лоран и беше познат по неговите чисти линии.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Во 1964та, Клајн се ожени со Џејн Сентре (Jayne Centre) со која ја има ќерката Марси,која моментално работи како продуцент на таленти во “Saturday Night Live” во Ен БИ Си. Клајн и Сентре се разведоа во 1974 година.

Во 1974 година тој се префрли на дизајнирање на тесни панталони кои ќе му донесат 200 000 долари уште во првата недела на продавање. Тој беше првиот дизајнер кој ја доби наградата исклучителен дизајн за машка и женска облека доделени истата година од CFDA ревијата.

Во 1978та неговата ќерка Марси беше киднапирана и држена 9 часа се додека не беше платен откуп од 100 000 долари. Полицијата ги уапси виновниците.

Во 1986та, Клајн се ожени со Кели Ректор која работеше за компанијата и исто така има дипломирано на Институтот за мода во Њујорк.Таа стана светски познат фотограф. Се разведоа во 2006та.

Во моментот , Клајн се гледа со моделот Ник Грубер.

Во 2003та, Келвин Клајн купи имот на морскиот брег во селото Саутемптон во Хамптонс, Лонг Ајленд, Њујорк . Клајн е голем донатор на политиката на Демократската партија и во 1980 година им има донирано на кандидатите на PACs повеќе од 250.000 долари.

Награди[уреди | уреди извор]

Во 1983 година Клајн беше ставен на Интернационалната листа за најдобро облечени личности.Во 1981,1983 и 1993 година тој ја добил наградата од Советот на модни дизајнери на Америка.