Качунка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Качунка
Расцветана качунка
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Монокотиледони
Ред: Шпаргловидни
Семејство: Перуники
Род: Качунки
Вид: Качунка
Научен назив
Качунки sativus
L.
Синоними[1]
  • Crocus autumnalis Sm. nom. illeg.
  • Crocus officinalis (L.) Honck.
  • Crocus orsinii Parl.
  • Crocus pendulus Stokes
  • Crocus setifolius Stokes
  • Geanthus autumnalis Raf.
  • Safran officinarum Medik.

Качунка или шафран (науч. Crocus sativus) — повеќегодишна билка од семејството на перуники. Може да достигне висина до 30 см. Растението нема правилно стебло: шест венечни ливчиња, венечен цвет, заедно со две тесни ливчиња, растат од подземна луковица. Ливчињата се наслонети кон земјата и на неколку сантиметри од тлото, се шират на лево. Ваквата градба на цветот, без изразени поделби на цветните чашки и круна, во ботаниката се нарекува перигон. Толчникот кај сите качунки е златнопортокалова боја и најчесто, има истобојни прашници. На врвот од толчникот се наоѓа жиг или нишка (Croci stigmata), органели чија задача е да се прилагодат на поленовите зрна. Жиговите и денес се користат како исушен зачин и за бојадисување на намирниците, посебно колачи, а се користат и во медицината. Во поголема мера качунката е отровна.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Растението е најзастапено во Иран. Околу Средоземјето и во Франција, Шпанија, Мароко, Грција, Турција, Италија и Австралија. Годишното производство изнесува околу 200 тони. Во Иран се произведуваат приближно 170 до 180 тони годишно.

Вкус на зачинот[уреди | уреди извор]

Качунката има силен ароматичен вкус, пикантен и малку горчи, но и вкус на земјата во која се задржил долго време. Вкусот му е истовремено и цветен, малку лут и сличен на мед, мошусот, но и јодот. После неколку месеци тој пушта комплексен спектар на арома. Поседува различни состојки.

Качунката како мотив во уметноста[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The Plant List: A Working List of All Plant Species“. Посетено на 23 April 2015.
  2. Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 13.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]