Катланово (археолошки наоѓалишта)

Од Википедија — слободната енциклопедија
  • Доксаницанаселба од неолитското и бронзеното време и некропола од римското време. Во подножјето на една мала височинка, на околу 4 км јужно од селото, во пространа долина природно заштитена со високи и стрмни ридови, покрај која тече рекичката Оплазинци, има фрагменти од керамички садови. На југозападната страна, во продолжение, е констатирана некропола чии гробови, со конструкција од обработени камени плочи, се евидентирани на површината.
  • Катланово — осамени наоди од римското време. Во атарот на селото се откриени два милјоказа и еден жртвеник посветен на Дијана и Аполон. Спомениците се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
  • Кочкова Населбанекропола од доцноантичкото време. Во двор на викенд-куќа, во викенд-населбата Кочкова Населба е откриена некропола која се наоѓа на 400 м северно од наоѓалиштето Римски Бањи. Во 1994 година Музејот на Град Скопје извршил кусо интервентно ископување при што се откриени два гроба од типот цисти со покривни плочи, сместени на десниот брег на реката Пчиња.
  • Рамништенаселба од римското време. На 500 м западно од селото, во близината на современите гробишта се среќаваат фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди и друг градежен материјал.
  • Црквиште — некропола од римското време. На левиот брег на Пчиња, под населбата Катлановска Бања, на просторот од патот за Градманци па сè до коритото на Пчиња се откриени гробови со конструкции од големи камени плочи и саркофази. Откриен е вотивен споменик ‡ мермерна плоча со димензии од 55 × 38 см, на која има релјефна претстава на 3 женски ликови со садови во рацете. Плочата се чува во Музејот на Македонија во Скопје.

Наводи[уреди | уреди извор]