Камила Хорн
Камила Хорн | |
---|---|
Камила Хорн (од 25 април 1903 до 14 август 1996) била германска танчерка и филмска ѕвезда од немиот и звучниот период. Таа глумела во неколку холивудски филмови кон крајот на 1920-тите и во неколку британски и италијански продукции.
Животопис
[уреди | уреди извор]Родена е како ќерка на државен службеник, Хорн се школувала за костимограф и работела во Ерфурт. Во 1925 година, заедно со Марлен Дитрих, таа работела како статист во германскиот филм Госпоѓата не сака деца. Таа направила голем чекор напред во 1926 година, кога ја заменила Лилијан Гиш како "Гретхен" во продукцијата на Фридрих Вилхелм Мурнау во Фауст.
Во 1928 година таа патувала за Холивуд, каде што играла заедно со Џон Беримор во Бура и Вечна љубов. Таа се вратила во Европа, а во 1930-тите одбила да ја следи официјалната линија на нацистите и била осудена со парична казна. По војната, британскиот трибунал во Делменхорст ја осудил за помали прекршоци (меѓу кои патување без дозвола) и три месеци била затворена во женскиот затвор во Вехта.
Од 1930 до нејзиното пензионирање во 1953 година, таа останала омилена во германските, британските и италијанските филмови, а подоцна во животот, таа била поканета да се врати на екранот во 1987 г. во филмот Шлос Конигсвалд. Таа ја поминала својата старост во Хершинг и умрела во Гилхинг во близина на Штарнберг, каде што живеела во последната година од својот живот.
Помеѓу април 1972 г. и февруари 1973 г. за неа била напишана песна од тогаш непознатиот Брус Спрингстин. За оваа сè уште неиздадена песна се дознало дури во 1990-тите години.[1]
Награди
[уреди | уреди извор]- 1987 Баварски филмски награди, за најдобра глумица [1]
Филмографија
[уреди | уреди извор]- Пат кон сила и убавина (1925)
- Фауст (1926)
- Тартуфи (1926)
- Госпоѓата не сака деца (1926)
- Борделите на Алгир (1927)
- Ева и штурец (1927)
- Бура (1928)
- 3 околѕ Едит (1929)
- Кралската кутија (1929)
- Ќе си во моето срце (1930)
- Големиот копнеж (1930)
- Морали на полноќ (1930)
- Ханс на секоја улица (1930)
- Фундвогел (1930)
- Неделата на живот (1931)
- Јас си одам а ти остануваш (1931)
- Ноќта без пауза (1931)
- Песна на нациите (1931)
- Петте проколнати господа (1931)
- Невнимателните млади (1931)Ein Walzer für dich (1934)
- Ich sehne mich nach dir (1934)
- Der rote Reiter (1935)
- White Slaves (1937)
- Sein letztes Modell (1937)
- Crooks in Tails (1937)
- In geheimer Mission (1938)
- Red Orchids (1938)
- Travelling People (1938)
- Roman eines Arztes (1939)
- Zentrale Rio (1939)
- Polterabend (1940)
- Die keusche Geliebte (1940)
- Die letzte Runde (1940)
- Herz ohne Heimat (1940)
- Friedemann Bach (1941)
- Vertigine (1942)
- Paura d'amare (1942)
- Angelo del crepuscolo (1942)
- Seine beste Rolle (1944)
- Intimitäten (1948)
- Search for Majora (1949)
- Queen of the Arena (1952)
- Father Is Being Stupid (1953)
- Appointment in Beirut (1969)
- Wer weint denn schon im Freudenhaus? (1970)
- Immer bei Vollmond (1970)
- Der Unsichtbare (1987)
- Schloß Königswald (1988)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Springsteen: Saint In The City: 1949-1974 by Craig Statham.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Камила Хорн
- Камила Хорн на Find a Grave (англиски)
- Фотографии и литература
- Кратка биографија