Искушението на Адам и Ева (Тинторето)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Искушението на Адам и Ева
Творец Тинторето
Година 1566
Димензии 150 см × 220 см
Место Галерија на академијата, Венеција

Искушението на Адам и Ева или Првородниот гревслика од венецијанскиот сликар Тинторето која била насликана околу 1550 - 1553 година и која се чува во Галеријата на академијата во Венеција[1].

Опис и стил[уреди | уреди извор]

Темата на сцената е библискиот пасус, од книгата Битие, од Првородниот грев извршен од Адам и Ева во рајската градина. Тинторето ги воведува ликовите според иконографската традиција. Постаментот е составен од камен ѕид со две нивоа. Адам седи на најдолниот дел, лево, а Ева, на малку повисокиот ѕид, од неговата десна страна. Во средиштето меѓу двете човечки фигури, прикачени на нискиот ѕид, е дрвото на спознанието на доброто и злото чиј плод Бог му рекол на првородениот да не го јаде. Ева, откако била измамена од ѓаволот во вид на змија со забранетиот плод во устата, се навалува кон Адам за да му го понуди плодот, со десната рака и телото потпрено на дрвото. Адам, со грбот кон гледачот и свртен кон Ева, има движење на отстапување, потпирајќи се на левата рака за да не падне. Тој го гледа овошјето со замислен и срамежлив став, но сепак на крајот ќе попушти.

Во заднината од десната страна, може да се види и протерувањето од рајот: ангелот со огнениот меч ги истерува Адам и Ева[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Adamo ed Eva“ (италијански). Посетено на 9 décembre 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help).
  2. Alessandro Bullo (2017). „Tintoretto - La tentazione di Adamo ed Eva (Gallerie dell'Accademia)“ (италијански). venicecafe369. Архивирано од изворникот на 2022-11-05. Посетено на 9 décembre 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help).

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • (полски) Patrick de Rynck: Jak czytać opowieści biblijne i mitologiczne w sztuce. Wyd. Universitas, Kraków 2008, ISBN 97883-242-0903-3.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]