Прејди на содржината

Имре Гараба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Имре Гараба

Имре Гараба (унгарски: Imre Garaba роден на 29 јули 1958 во Вац) — пензиониран унгарски фудбалер.[1]

Тој го имаше своето деби за унгарската репрезентација во 1980 година, и одиграл 82 настапа и  постигнал 3 гола до 1991 година.[2] Тој беше учесник на светските првенства на ФИФА во 1982 и 1986 година, каде Унгарија во двете прилики не успеа да напредува од групната фаза.

Имре бил многу популарен меѓу поддржувачите на Будимпешта Хонвед за неговата борбена и игра од срце и бидејќи, и покрај тоа што играл одбрана, постигнал голем број важни голови и за Хонвед и за унгарската репрезентација. Тој одиграл клучна улога во победата на Будимпешта Хонвед во Унгарското Првенство во 1980 година, како и во 1984, 1985 и 1986 година. Подоцна играл во Рен во Франција и во Белгија во Шарлерој, пред да ја заврши кариерата во Унгарија со БВС Будимпешта, каде што исто така работел како менаџер. Тој во последно време немал никаква улога во унгарскиот фудбал, но останал популарна фигура меѓу поддржувачите на Хонвед.

  1. „Garaba, Imre“. National Football Teams. Посетено на 3 September 2006.
  2. Mamrud, Roberto. „Hungary - Record International Players“. RSSSF. Посетено на 3 September 2006.