Илија Попадинец

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ѓоре Најдоски ( 1918 во Попадија, Велешко1944 во Дупјачани, Прилепско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По занимање бил работник. Во 1941 година станал член на КПЈ. Поради неговата револуционерна работа бил затворан од бугарските фашисти. Во текот на окупацијата, поточно сè до неговото приклучување кон Народноослободителната војска на Македонија во 1944 година, бил главна врска меѓу позадината и партизанските одреди. Загинал 1944 година во близина на селото Дупјачани, во несреќен случај.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Б. Најдоски, м-р Јован (1984). Институт за тутун - Прилеп - 60 годишен јубилеј. Прилеп: Институт за тутун - Прилеп. стр. 15–16.