Изрека

Од Википедија — слободната енциклопедија

Изрека е нешто изречено (кажано), кое се смета за забележително и значајно на еден или друг начин.

Зависно од аспектот на забележителност, постојат ред синоними или облици на изрека:

  • Адаж. Афоризам кој се здобил со кредибилитет по пат на негова долготрајна употреба.
  • Досетка. Досетлива или смешна забелешка.
  • Духовита забелешка. Паметна изрека, значајна по нејзиниот облик и стил, а не по нејзината содржина.
  • Клише. Многу површна, ветва или банална изрека.
  • Максима. Фундаментален принцип или правило. Максимата е мудра изрека, која советува или препорачува начин на однесување. Во споредба со другите видови изреки, ова е концизна формулација на ултимативна вистина, фундаментален принцип или правило на однесување. Зборот потекнува од латинскиот збор maximus, „највелик“, преку изразот maxima propositio, „највелик исказ“.
  • Мото. Коцизен израз на мотивација.
  • Поговорка. Израз на практична вистина или мудрост.