Ивец (војсководец)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ивец
Познат Македонски благородник, истакнат војсководец од времето на Самоиловото Царство

Ивец (XXI в.) — македонски благородник, истакнат војсководец од времето на Самуиловото Царство.[1][2]

Есента 1015 година ја уништил византиската војска во Пелагонија, намамувајќи ја во заседа. По смртта на царот Јован Владислав, кога царицата Марија и другите великодостојници му се предале на Василиј II, тој се засолнил на планината Брохот, каде што го изградил дворецот Проништа и продолжил да им дава отпор на Византијците. На денот на домашната слава Голема Богородица во 1018 година со измама бил фатен од охридскиот архонт Евстатиј Дафномил[2] и предаден на царот Василиј II,[3] кој му го одзел целиот имот и го испратил во затвор.[2]

Ивец како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ioannis Scylitzae Synopsis Historiarum, rec. I. Thurn, Berlin, 1973
  2. 2,0 2,1 2,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 194. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  3. Б. Прокић, Војвода Ивац. Најстарији историски спомен ослави у Маћедонији, „Братство“, IX–X, 1902
  4. Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 21.