Иван Бабунски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден ?
Починал септември 1928
Самоков (Бугарија)

Иван Бабунски бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Иван Бабунски се приклучува на ВМРО и е назначен за војвода во Солунскиот револуционерен округ. По убиството на Александар Протогеров во 1928 година поминува на страната на протогеровистите заедно со окружниот раководител Михаил Шкартов [1].

Учествува во зборната чета на протогеровистите, која е разбиена во Јодола од михаиловистката чета на Георги Настев и Стојан Вардарска [2]. Заедно со Димитар Димашев се спасува од борбата, но кај Самоков двајцата се убиени од михајловистите [3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Гаджев, Иван, „Иван Михайлов (отвъд легендите)“, Том I, София 2007, Университетско издателство „Свети Климент Охридски“, стр. 132
  2. Тюлеков, Димитър,„Конгресите на ВМОРО/ВМРО в историческата съдба на Македония“, МНИ, 2001
  3. Гаджев, Иван, „Иван Михайлов (отвъд легендите)“, Том I, София 2007, Университетско издателство „Свети Климент Охридски“, стр. 748