Прејди на содржината

Змеј (расказ на Акутагава)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Змеј (јапонски: 竜) - расказ на јапонскиот писател Рјуносуке Акутагава од 1919 година.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Уџи Даинагон Такакуна сака да напише книга, но премногу е мрзелив за таа работа, па затоа собира група луѓе од кои бара да му раскажуваат приказни кои тој ќе ги запише во книгата. Еден старец му ја раскажува следнава приказна: одамна, во градот Нора живеел будистички свештеник кого го викале Ханазо (носко) зашто имал необично голем нос. За да им се одмазди на свештениците кои постојано му се потсмевале, тој одлучил да се пошегува така што крај езерото ставил натпис дека на 3. март змејот кој живее во езерото ќе се вознесе на небото. Набргу, веста се проширува низ сите околни региони, а луѓето веруваат дека тоа е вистина. Оттука, на 3. март околу езерото се собираат многу луѓе кои цел ден стрпливо чекаат да се случи претскажувањето. Наеднаш, небото го прекриваат темни облаци, започнува големо невреме и тогаш на Ханазо му се причинува дека го видел змејот како се искачува на небото. Кога ги прашува присутните, тие му потврдуваат дека, исто така, го виделе вознесувањето.[1]

  1. „Zmaj“, во: Riunosuke Akutagava, Rašomon. Beograd: Plavi krug; Zemun: Neven, 2003, стр. 187-201.