Прејди на содржината

Змејски Пештери

Координати: 39°32′09″N 3°19′49″E / 39.5359° СГШ; 3.3304° ИГД / 39.5359; 3.3304
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пештерите во Драч

Змејските Пештери (современ каталонски правопис: Coves del Drac, Ковез дел Драк; шпански: Cuevas del Drach, Куевас дел Драк) ― четири одлични пештери кои се наоѓаат на островот Мајорка, Балеарските Острови, Шпанија,[1] се протегајќи се на длабочина од 25 м и достигнуваат приближно 4 км во должина.[1] Тие се наоѓаат во општината Манакор, во близина на месноста Порто Кристо. Првпат биле споменати во писмо од 1338 година. Четирите пештери, наречени Црна Пештера, Бела Пештера, Пештера на Луис Салвадор и Пештера на Французите, се поврзани едни со други.

Пештерите биле создавени со внесување на вода преку влезот од Средоземното Море, а некои истражувачи сметаат дека создавањето може да датира од Миоценот. Постои подземно езеро сместено во пештерите наречено Мартелово Езеро, што е околу 115 м во должина и 30 м во ширина, а нејзината длабочина варира помеѓу четири и дванаесет метри.[2] Името го добилe по францускиот истражувач и научник Едуар-Алфред Мартел, сметан за основач на спелеологијата, кој бил поканет да ја истражува пештерата во 1896 година. Додека германскиот истражувач на пештери, М. Ф. Вил, ја мапирал Белата и Црната Ппештера во 1880 година, Мартел пронашол уште две пештери, како и подземното езеро.[3]

Пештерите се отворени за јавноста и една од главните знаменитости во Мајорка. Посетата завршува со класичен концерт изведен од четворица музичари на чамец. 

  1. 1,0 1,1 Scheffel, Richard L.; Wernet, Susan J., уред. (1980). Natural Wonders of the World. United States of America: Reader's Digest Association, Inc. стр. 130. ISBN 0-89577-087-3.
  2. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 11 септември 2014. Посетено на 16 мај 2021.
  3. „Areas of Mallorca | Llevant | Caves of Drach | Caves of Hams“. Mallorca Days Out. Архивирано од изворникот на 1 декември 2014. Посетено на 16 мај 2021.

 

39°32′09″N 3°19′49″E / 39.5359° СГШ; 3.3304° ИГД / 39.5359; 3.3304