Зенона

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Елија Зенона
Aelia Zenonis
Византиска царица
Полно имеЕлија Зенона
Роден(а)5 век
Починал(а)476/477
Место на смртКападокија
Придружник наВасилиск
ДецаМарк
ДинастијаЛавова династија

Елија Зенона (латински: Aelia Zenonis, починала 476-477) била византиска царица, сопруга на императорот Василиск.

Потеклото на Елија Зенона е непознато. Таа се омажила за Флавиј Василиск, брат на царицата Елија Верина, сопругата на царот Лав I (457-474). Елија Зенона и Флавиј Василиск имале еден син - Марк.

Царица[уреди | уреди извор]

Василиск успеал да дојде до власт во 475 година, искористувајќи ја непопуларноста на император Зенон. Во јануари 475 година Василиск, брат на Елија Верина - тешта на Зенон, го узурпирал престолот со нејзина помош и Зенон бил принуден да побегне од Константинопол во Анадолија[1]. По ова, Елија Зенона станала августа, додека нејзиниот син за цезар и август. Во чест на Елија Зенон била пуштена нова емисија на златни и бронзени монети[2]. Елија Зенона и сопругот активно ги подржувале монофизитите, спротивно на масовно прифатената Халкедонска вера. Според некои извори, Зенона имала љубовник, нејзиниот внук Армат кој благодарение на неа тој успеал да се издигне до највисоките позиции во дворот, добивајќи ја титулата magister militum praesentialis.

Детонација[уреди | уреди извор]

Набргу по издигнувањето на својата власт, Василиск го испратил Ил и неговиот брат Трокунд против Зенон, кој бил во своите имоти во Мала Азија. Василиск сепак не ги исполнил ветувањата што ги направил на двајцата воначалници; освен тоа, тие добиле писма од некои од главните министри во дворот, со кои биле поттикнати да обезбедат враќање на Зенон, бидејќи сега градот преферирал да има исаврјанин за император, пред монофизитот чија непопуларност растела паралелно со алчноста на неговите министри[3]. За време на операциите во Исаврија, Ил го зел како заложник братот на Зенон, Лонгин, и го држел во една исавријска тврдина. Бидејќи мислел дека би имал поголемо влијание, доколку Зенон се врати престолот, тој поминал на другата страна и тргнал на поход кон Константинопол, заедно со Зенон во летото 476 година. Кога Василиск дознал за опасноста која следува, тој побрзал да го реформира едиктот кој претходно го објавил и да ги добие на своја страна патријархот и населението, но веќе било предоцна[3].

Армат, како magister militum, бил испратен со сите расположливи сили во Мала Азија, за да се спротивстави на нападот, но тајната пораки од Зенон, кој му ветил дека ќе му ја остави титулата magister militum до крајот на неговиот живот и дека ќе го прогласи за цезар неговиот син, го убедило да го предаде својот господар. Така Армат побегнал од маршрутата по која се движела императорската армија, со кое била запечатена судбината на Василиск[3].

Во август 476 Зенон го ставил под опсада Константинопол[4]. Сенатот ги отворил градските порти, овозможувајќи им на соборениот император да го поврати престолот. Василиск побарал азил во една црква, но бил предаден од Акациј Цариградски. Така Василиск, неговата сопруга Елија Зенона и неговиот син Марк биле испратени во една тврдина во Кападокија, каде Зенон ги затворил во празен резервоар во кој тие починале од глад,[5].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Croke, pp. 188–190.
  2. [1] Монетите го имаат натписотAVGGG, трите 'G' се тројцата Augusti. Види: Yonge Akerman, John (2002) [1834]. A Descriptive Catalogue of Rare and Unedited Roman Coins. Adamant Media Corporation. стр. p. 383. ISBN 1-4021-9224-X. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име bury.
  4. Heather, Peter (May 1998). Goths. Blackwell Publishing. стр. pp. 158–159. ISBN 0-631-20932-8. 
  5. Елтон пишува дека името на тврдината е Limnae, додека Смит говори за Cucusus, а Евагриј Схоластик за Acusus.


Претходник
Елија Аријадна
Византиска царица
475–476
Наследник
Елија Аријадна