Елија Верина
Елија Верина | |||||
---|---|---|---|---|---|
Византиска царица | |||||
Податотека:Tremissis-Aelia Verina-s4344.jpg Verina | |||||
Починал(а) | 484 Исаврија | ||||
Сопружник | Лав I | ||||
Деца | Аријадна, Леонтија | ||||
| |||||
Династија | Лавова династија |
Елија Верина (починала 484) била сопруга на византискиот цар Лав I и тешта на Зенон, кој бил оженет за нејзина ќерката Аријадна.
Потеклото на Елија Верина е непознато, иако се смета дека потекнува од Балканот[1]. Првично, таа го поддржувала Зенон, додека младиот цар Лав II бил жив, но по неговата смрт во 474 таа се свртила против својот зет. Во заговорот на Верина против Зенон учествувале нејзиниот љубовник Патрикиј, нејзиниот брат Василиск, началникот Ил и Теодорих Страбон. Ова го принудило на Зенон да побегне од Цариград во 475 година. На негово место за кратко застанал Василевск, кој бил цар до 476 година, кога Верина се смирила со Зенон.
Потоа Елија Верина започнала да кова заговор против Ил, кој го открил заговорот и во согласност на Зенон ја затворил. Тоа довело до нов заговор, во дното на кој стоел другиот зет на Верина - Маркијан (внук на царот Маркијан), но тој бил поразен и испратен во прогонство.
Во 483 година Зенон инсистирал Ил да ја ослободи Верина, но во тоа време Ил бил против монофизитските симпатии на Зенон, па поради тоа тој стапил во сојуз со Верина и за цар го прогласил Леонтиј. Зенон успеал да ги порази, по кое Ил и Веринас побегнале во Исаврија каде таа починала во 484 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]Претходник Елија Пулхерија |
Византиска царица 457–474 |
Наследник Елија Аријадна |