Прејди на содржината

Зелената милја (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Зелената милја)

Зелената милја (англиски: The Green Mile) — американски филм од 1999 година, во режија на Френк Дарабонт. Главните улоги ги толкуваат: Том Хенкс, Мајкл Кларк Данкан и Дејвис Морс.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Осудените на смртна казна своето одделение во затворот го нарекуваат „Зелената милја“, поради зелениот линолеум на подот. Пол Еџкомб (го игра Хенкс) е главен чувар на тоа одделение, додека Џон Кофи (го глуми Данкан) е затвореник, кој го чека извршувањето на смртната казна поради убиството на две девојчиња. И покрај извршеното злосторство, Џон е добро воспитан и повеќе делува како невино дете, отколку на криминалец. Наскоро, Пол открива дека Џон има способност да ги излекува затворениците и поради тоа сите се прашуваат, каков човек е тој и дали навистина го извршил злосторството за кое е осуден.[1] [2] [3]

  1. Антена, број 843, 22.8.2014, стр. 18.
  2. Антена, број 844, 29.8.2014, стр. 25.
  3. Антена, број 866, 30.1.2015, стр. 24.