Здравко Киранџиски
Здравко Киранџиски | ||
Роден | 1925 година Бразда, Скопско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 1945 година Славонска Пожега, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Здравко С. Киранџиски ( 1925 во Бразда ― 1945 во Славонска Пожега, Хрватска) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1]
Животопис[уреди | уреди извор]
Роден е во сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство.
По ослободувањето на Скопје стапил во 16 македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите за ликвидирање на преостанатите балистички банди. Потоа со 15 македонски корпус, заминал за Срем. Бил учесник во големиот пробив на германските позиции кај Шид - Товарник и во победата кај Славонска Пожега. Во тие борби тој храбро загинал. Бил закопан во Славонска Пожега, на позицијата каде штo загинал.[1][2]