Затвореничка (роман од Пруст)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Затвореничка“роман на францускиот писател Марсел Пруст.

Содржина[уреди | уреди извор]

Настанување на романот[уреди | уреди извор]

Во писмото до Гастон Галимар од јули 1922 година, Пруст напишал дека се откажува од насловот „Затвореничка“, но во подоцнежната преписка со Галимар и со Жак Ривјер, тој продолжил да го користи тој наслов, додавајќи дека се работи за прв дел на „Содома и Гомора III“. На 25 октомври 1922 година, Пруст му ги дал на Жак Ривјер последните инструкции во однос на објавувањето на кусиот исечок од романот „Затвореничка“ (под наслов: „Моите будења“) во ноемврискиот број на „Нова француска ревија“. Повикувајќи се на тоа писмо, Џорџ Пејнтер (George Painter) тврди дека Пруст ја завршил „Затвореничка“ на 24 октомври 1922 година, а потоа, сè до смртта, работел на ревизијата на „Исчезнатата Албертина“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Napomene“, во: Marsel Prust, Iščezla Albertina. Beograd: Paidea, 2004, стр. 138.