Застава Автомобили

Од Википедија — слободната енциклопедија

Застава автомобили било српско претпријатие за производство на автомобили со седиште во Крагуевац. Најпознатите модели на автомобили на ова претпријатие биле: Застава 750, Застава 1300, Застава 101, Југо и Југо Флорида.

Историја[уреди | уреди извор]

Застава Корал 1.1

Фабриката „Застава“ е основана на 26 август 1953 година, кога бил распишан референдум за употреба на добивката за развој на автомобилското производство. Над 96 % од вработените го поддржале предлогот и набргу бил распишан конкурс на којшто се пријавиле осум автопроизводители, како: Рено, Вилис од САД, Остин и Ровер од Британија, ФИАТ и Алфа Ромео од Италија. Договорот за откуп на лиценцата со ФИАТ бил потпишан на 12 август 1954 година, а три месеци подоцна почнала монтажата на првите возила од моделите „АР-55“, „1400 БЈ“ и „1100 Б“. На 15 октомври 1971 година започнало производството на првото сопствено возило „Застава 101“ кое се произведувало до 2008 година. На 21 ноември 2008 година, претпријатието „Застава“ престанало да постои и неговото име биле променето во Фиат Автомобили Србија (ФАС).

Наводи[уреди | уреди извор]