Засекогаш вљубени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Засекогаш вљубени
Жанрдрама
теленовела
Создадена одЛилијана Абуд
УлогиАна Бренда Контрерас
Хосе Рон
Патрисија Навидад
Алехандро Авила
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикшпански
Бр. на епизоди140
Продукција
Извршен продуцент(и)Марта Патрисија Лопез де Затараин
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал 2
Првично прикажување28 јули 2008 – 6 февруари 2009
Хронологија
СледбеникЉубовно лето 2009
Надворешни врски
Мрежна страницаwww2.esmas.com/juro-que-te-amo

Засекогаш вљубени (шпански јазик: Juro Que Te Amo) е мексиканска теленовела. Серијата во Мексико со прикажување започна на 28 јули 2008 во ударниот термин заменувајќи ја теленовелата Бура во рајот. Во главните улоги се појавуваат Ана Бренда Контрерас и Хосе Рон.

Серијата кај нас моментално се емитува на Сител телевизија.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Виолета Мадригал е млада и убава девојка која живее во село со своите родители Амадо и Антонија, и браќата Хулио, Лиа и Даниел. Нејзиното семејство било најбогато во селото пред да го изгубат богатството, а со тоа виделе колку луѓето се дволични. Хустино Фрегосо, најмоќниот човек во селото се збогатил на сметка на семејството Мадригал. Неговата сопруга, Малена Фрегосо, ужива во богатството, а ќерката Мариела константно ја понижува Виолета. Амадо отсекогаш го обвинувал својот братучед Маријано Ласкано за својата несреќа, бидејќи тој бил партнер во фирмата и решил да ги повлече парите откако неговата вереница Антонија решила да се венча со Амадо. Поминале многу години, Амадо ги натерал децата да го мразат Маријано, а пак тој е несреќен со својата жена Леонора и децата Ренато, Пабло и Ивана кои мислат само на себе. По смртта на Амадо, Виолета мора да го исполни последното ветување што му го дала – да работи за да го извлече семејството од сиромаштија. Мариела Фрегосо ја понижува и двете се борат за љубовта на Макс, сѐ додека Виолета не го сретнува Хосе Марија, младо момче кое веднаш сфаќа дека Виолета е жената на неговиот живот. Хосе Марија сака да ја освои, но Виолета е заслепена од неискуството и од Макс и мисли дека него го сака. Ситуацијата на семејството Мадригал се влошува и тие мора да живеат во куќата на Ласканови, каде што мора да ја трпат Фауста, тетката на Леонора, која ги мачи и ги гледа како страдаат само за забава. Семејството Мадригал тешко ќе созреат, но барем ќе бидат заедно.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Ана Бренда Контрерас Виолета Мадригал
Хосе Рон Хосе Марија Алдама
Патрисија Навидад Антонија де Мадригал
Алехандро Авила Маријано Ласкано
Луис Хосе Сантандер Амадо Мадригал
Алексис Ајала Хустино Фрегосо
Флоренсија де Саранчо Мариела Фрагосо
Марсело Кордоба Максимилиано Куелар

Надворешни врски[уреди | уреди извор]