Прејди на содржината

Започна во Неапол (филм од 1960)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Започна во Неапол (англиски: It started in Naples) - американски филм од 1960 година, во режија на Мелвил Шејвелсон, според сценариото на Мајкл Пертви и Џек Дејвис. Главните улоги ги толкуваат: Софија Лорен, Клерк Гебл, Виторио де Сика, Марјето, Паоло Карлини и Џовани Филидоро. Филмот е снимен на изворни италијански локации (во Рим и на островот Капри). Во него, Софија Лорен ја пее познатата песна „Tu vuo' fa l'americano“ на Ренато Карозоне, а во филмот глумат и познатиот американски глумец Клерк Гебл, кому ова му било претпоследна улога во кариерата, како и италијанскиот режисер Виторио де Сика.[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Мајкл Хамилтон (го игра Гебл) е успешен правник од Филаделфија кој мора да отпатува во Неапол, зашто таму умрел брат му. Иако веќе ја има закажано својата венчавка, тој е решен најпрвин да ги среди работите околу преземањето на имотот на брат му и за таа цел го ангажира италијанскиот адвокат Витали (го игра де Сика). Во Италија, Мајкл не може да се навикне на лежерниот живот, а таму го чекаат и бројни изненадувања, зашто брат му има седумгодишен син кого го одгледува неговата тетка, заводливата Лучија (ја игра Лорен), која работи како танчерка во ноќен клуб...[1]

  1. 1,0 1,1 „HRT (пристапено на 1.12.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-11-28. Посетено на 2017-12-04.