Западнохималајски јазици
Изглед
Западнохималајски јазици | |
---|---|
канаурски, алморски | |
Географска распространетост: | Химчал Прадеш, Индија |
Класификација: | синотибетски
|
Гранки: |
—
|
Западнохималајските јазици, или познати како алморски или канаурски јазици, се група на јазици кои се дел од тибетско-бурманските јазици. Јазиците се зборуваат во Индија, во Химчал Прадеш и покрај границата со Непал.
Јазици
[уреди | уреди извор]Во оваа група спаѓаат следните јазици:
- патански јазик
- тинански јазик
- гариски јазик
- канашки јазик
- кинаурски јазик
- рангпоски јазик
- дармански јазик
- бјансиски јазик
- рангаски јазик (исчезнат во 20 век)
Џангџуншкиот јазик, кој е свет јазик за Бонската религија, се зборувал во Тибет, но истиот бил заменет со тибетскиот јазик. Во зависност од тоа што се смета за јазик, а што за дијалект, може да се добијат и повеќе јазици како на пример сунамскиот јазик.
Наводи
[уреди | уреди извор]- George van Driem (2001) Languages of the Himalayas: An Ethnolinguistic Handbook of the Greater Himalayan Region. Brill.