Живорад Лазиќ
Изглед
Живорад Раденко Лазиќ ( 1923 во Скопје — 7 јануари 1945 во Приштина, Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Југославија.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]По завршувањето на четири класа гимназија се запишал во учителското училиште ѝ со успех го завршил. Работел како учител во Скопје. За време на окупацијата извесно време живеел во Куманово. Подоцна бил принуден од бугарскиот окупатор да се пресели во Србија. На 5 октомври 1944 година стапил во Петтата космајска бригада. Се пројавил како совесен и активен борец. Бил зафатен од епидемијата на стомачен тифус и починал во Приштина на 7 јануари 1945 година.[1]