Прејди на содржината

Живко Живковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Живко Живковиќ (роден на 14 април 1989 година) е српски професионален фудбалер кој настапува на позицијата голман. Моментално настапува за грчкиот суперлигашки клуб ПАОК.

На репрезентативен план, Живковиќ ја претставувал својата земја на секое возрасно ниво од 17 до 21 година.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Партизан

[уреди | уреди извор]

Живко Живковиќ ја започнал својата фудбалска кариера во екипата на Слобода од Ужице. Тој подоцна, во 2005 година се приклучил на младинскиот погон во составот на Партизан. Живковиќ бил промовиран во првиот тим на Партизан, во пролетта 2007 година. На 1 јуни 2007 година го потпишал својот прв професионален договор, и тоа во времетраење од 5 години.[1] Тој на почетокот настапувал за екипата на Телеоптик, пред да се врати во екипата на Партизан. Својот прв официјален натпревар за клубот на Партизан го имал на 8 декември 2007 година, во победата од 5:1, во домашната лига над екипата на ОФК Белград. На тој натпревар влегол како замена за повредениот соиграч Дарко Божовиќ.[2]

Во летото 2008 година, за да стекне поголема минутажа и искуство, Живковиќ бил испратен како позајмен играч во екипата на Металац од Горен Милановац. Тој веднаш станал прв голман во неговата прва сезона во клубот. Неговиот нов клуб, во таа сезона бил промовиран во член на српската Суперлига. Во наредната сезона, прва на клубот во Суперлигата, Живковиќ пропуштил само еден од вкупно 30 натпревари. Со своите настапи му помогнал на клубот да избори опстанок во најелитното друштво.

Во летото 2010 година, Живковиќ се вратил во екипата на Партизан, и бил предвиден да биде како резервен голман кај Радиша Илиќ.[3] Тој, подоцна испаднал од конкуренција за 18-члениот тим, бидејќи голманот Владимир Стојковиќ му се приклучил на клубот кон крајот на месец август 2010 година. На крајот од сезоната, Живковиќ имал одиграно само еден натпревар во лигата и еден натпревар во купот во сезоната 2010-11. Тој повторно во летото 2011 година бил позајмен во екипата на Металац од Горен Милановац, каде одиграл вкупно 13 натпревари во лигата, во сезоната 2011-12.

Откако го напуштил Горен Милановац тој по втор пат ја започнал, овој пат сезоната 2012-13, во екипата на Телеоптик, пред да биде промовиран повторно во месец октомври 2012 година назад во составот на Партизан, како замена за повредениот голман Владимир Стојковиќ. Одиграл еден првенствен натпревар до крајот на сезоната, а клубот ја освоил шестата последователна шампионска титула. Во наредната сезона, Живковиќ го одиграл својот прв натпревар во натпреварувањата на УЕФА, влегувајќи како замена за повредениот Милан Лукач на возвратниот натпревар од третото квалификациско коло на Лигата на шампионите против составот на Лудогорец од Разград. Тој натпревар се одиграл на 6 август 2013 година.[4] Во сезоната 2013-2014 успеал да одигра вкупно четири натпревари во лигата.

Есента 2014 година, Живковиќ сè уште бил втор голман во екипата и тоа како замена на Милан Лукач. Тој, на 24 септември 2014 година се појавил само во првото коло во Купот на Србија одржувајќи ја својата мрежа чиста, во победата со резултат од 1:0 на гостински терен кај екипата на Бежанија. Сепак, Живковиќ го резервирал местото во првите единаесет играчи на стартот на пролетната сезона. Набрзо потоа станал незаменлив член на тимот.[5] Тој продолжил да игра редовно и во есента 2015 година, но бил отстранет од тимот по доаѓањето на новиот тренер Иван Томиќ.[6]

На 10 јуни 2016 година, било објавено дека Живко Живковиќ официјално потпишал со грчкиот клуб Ксанти.[7] Тој ги одиграл сите 90 минути на сите 30 настапи на неговиот тим во Суперлигата на Грција за сезоната 2016-17, при што примил само 25 гола. Во наредната сезона 2017–18, Живковиќ останал прв голман на екипата на Ксанти, овојпат примајќи 29 голови на вкупно 29 натпревари.

На 21 април 2019 година, српскиот голман преку својот Фејсбук профил ја објавил својата одлука да го напушти клубот, по истекот на договорот.[8]

На 26 јуни 2019 година, договорот на Живковиќ со екипата на Ксанти истекол, а составот на ПАОК веднаш стапил во акција за да го доведе во своите редови и да потпише договор како слободен играч. Сигурниот 30-годишен фудбалер би бил резервна опција за голманот Александрос Пашалакис откако вториот голман Родриго Реј бил префрлен како позајмен играч во екипата на Пачука. Живковиќ потпишал тригодишен договор за сума од 300.000 евра годишен надоместок.[9]

Репрезентација

[уреди | уреди извор]

Живко Живковиќ ја претставувал репрезентацијата на Србија и Црна Гора на УЕФА првенството до 17 години во 2006 година заедно со неговите клупски соиграчи Стеван Јоветиќ и Никола Гулан. Потоа тој ја претставувал репрезентацијата на Србија на УЕФА првенството до 19 години во 2007 година.[10] Во меѓувреме на 15 мај 2009 година, Живковиќ го одиграл својот прв натпревар за репрезентацијата на Србија до 21 година во домашната пријателска победа со резултат од 6:2 над селекцијата на Кипар У21. Тој бил член на тимот што настапувал на УЕФА првенството за играчи до 21 година во 2009 година. Претходно Живковиќ ја претставувал репрезентацијата до 20 години на еден меѓународен пријателски турнир во Катар.[11] [12] [13]

На 30 мај 2015 година, по неговите постојани настапи на клупско ниво, Живковиќ го добил својот прв повик за сениорската репрезентација на Србија.[14] Тој бил на клупата за резервни играчи на пријателскиот натпревар против селекцијата на Азербејџан одигран на 7 јуни, како и на квалификацискиот натпревар за УЕФА ЕВРО 2016 против репрезентацијата на Данска одигран на 13 јуни истата година.

Статистика во кариерата

[уреди | уреди извор]
Обновено на 12 септември 2021[15]
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Партизан 2007–08 Српска Суперлига 1 0 1 0
2010–11 1 0 1 0 2 0
2012–13 1 0 1 0
2013–14 4 0 1 0 5 0
2014–15 14 0 4 0 18 0
2015–16 15 0 1 0 10 0 26 0
Вкупно 36 0 6 0 11 0 53 0
Телеоптик (како позајмен играч) 2007–08 Српска Суперлига 4 0 1 0 5 0
2012–13 10 0 1 0 11 0
Вкупно 14 0 2 0 16 0
Металац (како позајмен играч) 2008–09 Српска Суперлига 32 0 1 0 33 0
2009–10 29 0 2 0 31 0
2011–12 13 0 1 0 14 0
Вкупно 74 0 4 0 78 0
Ксанти 2016–17 Суперлига на Грција 30 0 6 0 36 0
2017–18 30 0 3 0 33 0
2018–19 30 0 5 0 35 0
Вкупно 90 0 14 0 104 0
ПАОК 2019–20 Суперлига на Грција 20 0 20 0
2020–21 18 0 1 0 9 0 28 0
2021–22 1 0 2 0 3 0
Вкупно 39 0 2 0 9 0 50 0
Вкупно во кариерата 253 0 28 0 20 0 301 0

Признанија

[уреди | уреди извор]

Партизан

ПАОК

  • Освоен е Купот на Грција: 2020–21 [16]
  1. „Četiri prinove u crno-belom taboru“ (Serbian). partizan.rs. 1 June 2007. Архивирано од изворникот на 2020-08-09. Посетено на 28 July 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „Crno-bela rapsodija na Topčiderskom brdu“ (Serbian). partizan.rs. 8 December 2007. Архивирано од изворникот на 2020-08-09. Посетено на 28 July 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. „Radiša Ilić ponovo crno-beli“ (Serbian). partizan.rs. 22 June 2010. Архивирано од изворникот на 2020-08-09. Посетено на 28 July 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. „Zlatinski sinks Partizan to seal Ludogorets passage“. uefa.com. 6 August 2013. Посетено на 28 July 2015.
  5. „Takav učinak nemaju ni Kralj, ni Božovići, ni Stojković: Živko Živković najbolji golman Partizana otkako se igra Superliga (GRAFIKA)“ (Serbian). mozzartsport.com. 18 May 2015. Посетено на 28 July 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. „Partizan: Bez Abubakara na Kipar!“ (Serbian). mondo.rs. 23 January 2016. Посетено на 30 April 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  7. „Ανακοίνωση“ (Greek). xanthifc.gr. 10 June 2016. Архивирано од изворникот на 2016-08-20. Посетено на 6 August 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  8. „Ο Ζίβκοβιτς ανακοίνωσε την αποχώρησή του από την Ξάνθη“. www.sport24.gr. 21 April 2019.
  9. "Στον ΠΑΟΚ για 3+1 χρόνια ο Ζίβκοβιτς"!“. www.contra.gr. 26 June 2019.
  10. „Živković i omladinci otputovali na EP“ (Serbian). mondo.rs. 14 July 2007. Посетено на 30 April 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  11. "Orlići" putuju u Katar“ (Serbian). sportskacentrala.com. 7 January 2009. Архивирано од изворникот на 2018-09-11. Посетено на 2 June 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  12. „Remi "orlića" na startu turnira u Kataru“ (Serbian). sportskacentrala.com. 11 January 2009. Архивирано од изворникот на 2018-09-11. Посетено на 2 June 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  13. „Mladi remizirali sa Sirijom“ (Serbian). b92.net. 14 January 2009. Посетено на 2 June 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  14. „Debi Živkovića, spisak bez iznenađenja“ (Serbian). b92.net. 30 May 2015. Посетено на 28 July 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  15. „Živko Živković“. Soccerway. Посетено на 15 March 2021.
  16. „Paok win Greek cup final over Olympiakos“. Greek City Times. 23 May 2021. Посетено на 24 May 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]