Железничка пруга Драч-Валона

Од Википедија — слободната енциклопедија
Железничка пруга Драч-Валона
Пруга помеѓу Либофш и Градишти
Преглед
Станици16
Опслужување
Превозник/циАлбански железници
Историја
Технички
Колосек1.435 мм (4 ст 8 12 in)

Железничка пруга Драч-Валона (албански: Hekurudha Durrësi-Vlora) — претежно неупотребувана железничка линија што ги поврзува градовите Драч и Валона во западна Албанија. Станицата Валона е најјужната точка на албанскиот железнички систем.

Историја[уреди | уреди извор]

Пред инаугурацијата на националната мрежа во 1940-тите, постоеле два одделни системи јужно од Драч на правци подоцна апсорбирани од сегашната железница: пруга од 19 милји која пренесувала битумен помеѓу рудникот во Селенс и пристаништето Скеле во близина на Валона и линија од 2 милји помеѓу Шкозет и Лекај.[1]

Сегашната железница се градела во фази. Рогожине била најјужната станица во Албанија до 1968 година кога било завршено проширувањето до Фиер. Понатамошно проширување до Балш било отворено во 1975 година. Валона била стигната со друго проширување во 1985 година.[2]

Ограничената услуга сè уште била во функција на линијата до 2015 година, но патничките услуги повеќе не сообраќале јужно од Фиер.[3]

На приватната железничка компанија, Албраил, и била доделена концесија на железничкиот дел меѓу Фиер и Валона во февруари 2016 година и започнала со транспорт на сурова нафта од Фиер до Валона во декември 2018 година.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Garratt, C; Wade-Matthews, M (1998). The Ultimate Encyclopedia of Steam and Rail. Germany: Hermes House. p. 362.
  2. „Opening Dates of HSH Standard Gauge Lines“. www.angelfire.com. Посетено на 2022-04-06.
  3. „Albania Railway Photographs“. www.johndarm.clara.net. Посетено на 2022-04-06.
  4. „Rreth Nesh – Albrail“ (албански). Посетено на 2022-04-06.