Жанета Гелевска - Велјаноска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жанета Гелевска - Велјаноска
Роден 1966
Куманово , Македонија Македонија
Занимање сликар


Жанета Гелевска - Велјаноска позната како Жани (Куманово, 1966) е познат македонски и британски сликар.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Гелевска Велјаноска е родена во Куманово во 1966 година. Во 1989 година дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство, во класата на проф. Ана Темкова. Постанала член на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1989 година и од истата година добила статус на слободен уметник. Во 1999 година била поканета да изложува во престижниот салон Blains Fine Art Gallery in Mayfair во Лондон, каде и останала да живее и твори. Таа учествувала на голем број групни изложби, уметнички проекти и ликовни колонии и реализира дваесеттина самостојни изложби во Македонија, Англија (Лондон), Франција, Шпанија, Германија, Хрватска итн. Добитник е на три награди: 1990 г. – „Најдобар млад автор”, Награда на млад борец; 1994 г. – „Петар Мазев”, III Зимски салон; 1995 г. - Награда на пубиката „Сликарство мал формат”, КИЦ

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Изложба на Жанета Гелевска во "Око". Кармакаша. 7 ноември 2011. Посетено на 2012-02-15.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]