Жалец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жалец
Žalec
Црква и одбранбена кула од 16. век
Црква и одбранбена кула од 16. век
Жалец is located in Словенија
Жалец
Жалец
Локација во Словенија
Координати: 46°15′3.59″N 15°9′50.18″E / 46.2509972° СГШ; 15.1639389° ИГД / 46.2509972; 15.1639389Координати: 46°15′3.59″N 15°9′50.18″E / 46.2509972° СГШ; 15.1639389° ИГД / 46.2509972; 15.1639389
ДржаваFlag of Slovenia.svg Словенија
Традиционален регионШтаерска
Статистички регионСавињски регион
ОпштинаЖалец
Површина
 • Вкупна3,0 км2 (10 ми2)
Надм. вис.&10000000000002553000000255,3 м
Население (2016)[1]
 • Вкупно4.892
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)

Жалец (германски: Sachsenfeld[2]) е град во централна Словенија. Тој е седиште на општина Жалец. Градот е лоциран во долината на долниот тек од реката Савиња, западно од Цеље. Основна економска активност во регионот е одгледување хмељ, кој исто така е застапен во грбот на градот. Градот се наоѓа во трациционалниот регион Штаерска. Општината е вклучена во Савињскиот статистички регион.[3]

Име[уреди | уреди извор]

Градот бил потврден во пишаните извори како Saxenburc и Sachsenwelde во 1182 година (и како Saschenvelde во 1232 и Sachsenfelde во 1256 г.). Средновековните германски имиња се засновани на народна етимологија од словенечко име, веројатно генитив од множинската форма *Жалци. Ова пак било засновано на личното име *Жал и означува „потомци на Жал“.[4] Во модерниот германски јазик, населбата била позната како Sachsenfeld.[2][5]

Црква[уреди | уреди извор]

Парохијалната црква во градот е посветена на Свети Никола и припаѓа на епархијата Цеље. Таа била изградена помеѓу 1903 и 1906 година на местото на црква од 16. век. Црквата од 6. век имала изѕидан заграден простор за да го заштити локалното население од османлиските налети. Кружна кула од заградениот простор сѐ уште стои веднаш до црквата.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Statistical Office of the Republic of Slovenia
  2. 2,0 2,1 Leksikon občin kraljestev in dežel zastopanih v državnem zboru, vol. 4: Štajersko. 1904. Vienna: C. Kr. Dvorna in Državna Tiskarna, p. 44.
  3. Žalec municipal site
  4. Snoj, Marko. 2009. Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Ljubljana: Modrijan and Založba ZRC, p. 485.
  5. Mueller, Edwin. 1961. Handbook of Austria and Lombardy-Venetia Cancellations on the Postage Stamp Issues 1850-1864.
  6. Slovenian Ministry of Culture register of national heritage reference numbers ešd 3537 & 10470

Надворешни врски[уреди | уреди извор]