Савиња
Савиња Savinja | |
---|---|
![]() | |
Местоположба | |
Земја | Словенија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | водопад Ринка |
• надм. вис. | 1.310 м [1] |
Устие | |
• место | Сава |
• координати | 46°05′02″ N; 15°10′19″ E / 46.0838° СГШ; 15.1720° ИГДКоординати: 46°05′02″ N; 15°10′19″ E / 46.0838° СГШ; 15.1720° ИГД |
Должина | 101,8 [2] |
Големина на сливот | 1.848 км2 [1] |
Особености на сливот | |
Течение | Сава→ Дунав→ Црно Море |
Савиња (словенечки: Savinja) — река во североисточна Словенија која тече низ Горната и Долнања Савињска Долина и градовите Цеље и Лашко. Почнува како главна река во Савињските Алпи и завршува како притока на Сава кај селото Зидани Мост. Долга е 101,75 км и има сливна површина од 1.847,7 км2.[2] Неретко знае да се поплавува и затоа се прават напори за заштита долж нејзиното поречие. По реката е наречен Савињскиот статистички регион, еден од современите региони на Словенија.
Извор[уреди | уреди извор]
Реката почнува како поток од водопадот Ринка и тече низ Логарската Долина во уредено корито. Тука водотекот се влева во потокот Језера и заедно ја образуваат Савиња. Овој поток е прогласен за природно наследство, а Ринка за еден од најубавите водоапди во земјата и највисок од дваесетте водопади во долината, со најдобар поглед од Камничкото Седло.
Притоки[уреди | уреди извор]
Главни притоки на Савиња се следниве:
- Јушеф и Клобаша кај Солчава
- Лучница кај Луче
- Љубница кај Љубно
- Дрета кај Назарје
- Пака кај Шмарно на Пака
- Ложница и Воглајна со Худиња кај Цеље
Сплаварење во минатото[уреди | уреди извор]
Сè до Втората светска војна сплавовите имале имале важна улога во животот на поречните места. На левиот брег на реката во Цеље стои статуа „Сплавар“, изработена од Борис Калин 1961 г. во спомен на ова.
Слики[уреди | уреди извор]
Савиња кај Цељскиот замок
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Реки подолги од 25 км и нивните сливови, Завод за статистика на Словенија
- ↑ 2,0 2,1 Површински текови и воден биланс на Словенија, Министерство за животна средина и просторно планирање
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Савиња“ на Ризницата ? |
- Состојба на Савиња на повеќе места:
- Назарје[мртва врска] — водостој и проток за изминатите 30 дена
- Летуш Архивирано на 4 март 2016 г. — водостој и проток за изминатите 30 дена
- Медлог[мртва врска] — водостој и проток за изминатите 30 дена
- Лашко Архивирано на 4 март 2016 г. — водостој и проток за изминатите 30 дена
- Велико Ширје Архивирано на 3 март 2016 г. — водостој и проток за изминатите 30 дена
|