Ефтим Таковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ефтим Таковски (Умлена, Пехчевско, 24 октомври 1949 - Скопје, 22 декември 2006) бил македонски новинар, писател и првиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Таковски е роден на 24 октомври 1949 година во пехчевското село Умлена. Основно образование завршил во родниот крај и во Скопје, каде што завршил средно машинско училиште и апсолвирал на Филолошкиот факултет. Работел во културната рубрика на весникот „Вечер“, и во МТВ. Бил еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, каде што од почетокот го водел секторот за информирање.

Таковски се посветил на филмската и на телевизиската уметност, снимајќи неколку серии со историска тематика за Македонската телевизија, а компонирал и музика за своите телевизиски остварувања.[2] Починал во Скопје на 22 декември 2006 година.[2]

Библиографија[уреди | уреди извор]

Во литературната периодика и весниците објавувал повеќе раскази и литературна критика, а негови трудови се преведувани на француски, англиски и руски јазик. Автор е на збирките раскази:

  • Соба за разговор (Култура, 1983),
  • Господарот на вечниот пес (Култура, 1991).
  • Избрани раскази

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cvetanovski, Savo; Milena Mitrovska, Michael Black (1990). Anthology of the Macedonian postmodern short story. Naša kniga. 
  2. 2,0 2,1 „Ефтим Таковски 1949 - 2006, новинар“ (македонски). Утрински Весник. 23 декември 2006. конс. 2011-01-23.