Прејди на содржината

Есјуфјол

Координати: 64°16′N 16°39′W / 64.27°N 16.65°W / 64.27; -16.65
Од Википедија — слободната енциклопедија
Есјуфјол
Esjufjöll
Ледничкото езеро Јекулсарлон со Есјуфјол во заднина.
Највисока точка
Надм. вис.1.760 м
Координати64°16′N 16°39′W / 64.27°N 16.65°W / 64.27; -16.65
Друго имеEsjufjöll
Географија
Есјуфјол на карта

Карта

МестоИсланд
Геологија
Старост на карпатаХолоцен
Видстратовулкан
Последен избув1927

Есјуфјол — подледнички вулкан на југоисточниот дел на ледената капа на ледникот Ватнајекидл, северно од вулканот Ерефајекидл кој се состои од централниот вулкан Снехета и широка купа. Поголемиот дел од вулканот, вклучително и купата од 40 км2 е покриен со ледена капа, но делови од југоисточната падина се изложени во правец на гребенот северозапад-југоисток.

Повеќето од изложените карпи на вулканот се алкалинско-базалтни, но помала количина на риолитски карпи исто така се присутни. Широк јекилхлеп се спуштил југоисточно од Ватнајекидл на почетокот на септември 1927 кој мирисал на сулфур и пепел паднала врз Брејдамеркурјекидл за која се сметало дека веројатно потекнува од Есјуфјол. Иако холоценски ерупции не се потврдени од Есјуфјол, роеви земјотреси кои може да индицираат магматски поместувања биле детектирани во октомври 2002 и во 2010.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • „Esjufjöll“. Глобална програма за вулканизмот. Смитсонова установа. (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]