Елке Шал
Лични податоци | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Националност | Германија | ||||||||||||
Роден(а) | 19 јули 1973 Шпајер, Западна Германија | ||||||||||||
Освоени медали
|
Елке Шал, роденa на 19 јули 1973 година во Шпајер, е професионален пинг-понг играч од Германија. Таа има офанзивен стил во играта.
Таа се натпреварувала на пет последователни Олимписки игри од 1992 до 2008 година.[1] Нејзината партнерка во двојки на првите четири Олимписки игри беше Никол Штрус,со која го освоила Европското првенство во 1996 и 1998 година. Таа беше дел од германскиот тим кој беше трет во 1997 година и шести во 2004 година на Светските првенства,имала и три пласмани на подиумот на Европските првенства во 2000, 2002 и 2007 година.[2]
Таа го освоила германскиот шампионат во мешани двојки шест пати и беше играч на годината во Германија во 2003-та година. На Светското првенство во 2009 година, таа и Кристијан Сус стигнале до четврт-финалето, но потоа биле поразени од евентуалните сребрени медалисти.[3]
Од 2001 до 2008 година била во брак со германскиот професионален пинг-понг играч Торбен Восик, кого го запознала во 1991 година.[4]
Таа има тројца браќа и сестри.Нејзиниот брат Мартин е пензиониран професионален кошаркар.
Нејзиниот матичен клуб е ТВ Бузенбах.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Список на спортисти со најмногу настапи на Олимписките игри
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Elke Schall Wosik at Sports Reference
- ↑ „Elke Wosik“. Архивирано од изворникот на 2008-12-23. Посетено на 2010-04-02.
- ↑ „World Championships 2009 - Table Tennis - Mixed Doubles Results“.
- ↑ „Die Vorstellung unserer Olympioniken: Elke Schall - Tischtennis | netzathleten“. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2010-04-02.