Екатерина Дафовска

Екатерина Дафовска (Чепеларе, 28 ноември 1975 година) е поранешна бугарска шампионка во биатолон и олимпик. Таа досега го освоила единствениот бугарски златен медал на Зимските олимписки игри.
Започнала да вежба биатлон во 1992 година. Екатерина за првпат се натпреварувала на Олимпијадата во 1994 година во Лилехамер. Таа го зазела 13-то место како дел од бугарската штафета и била на 29-то место во трката.
На следните Олимписки игри во 1998 година во Нагано, освоила златен медал во поединечна трка на 15 километри. Тоа бил првиот бугарски златен медал на Зимските олимписки игри од 1980 година.
На Олимпијадата во 2002 година двапати била многу блиску до медалот. Со бугарската штафета, таа го зазела четвртото место и петтото во поединечната трка.
На последните Олимписки игри 2006 година освоила две осми места во штафетата и во масовниот старт.
Освоила два бронзени медали на Светското првенство, а на Светскиот куп остварила пет победи и четиринаесет подиуми.
Во 2007 година, се повлекла од спортот. Во 2010 година станала претседател на бугарската федерација на биатлон. Таа е во брак и има две деца.