Егзибиционизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Група студенти ги покажуваат своите задници кај Универзитетот Станфорд

Егзибиционизам е повратна или постојана тенденција гениталиите да се покажуваат на непознати лица (обично од спротивен пол) или на луѓе на јавни места, без да се повикуваат или со нив да се има намера за поблизок допир. Обично има, но не и постојано сексуално возбудување во време на изложувањето, а актот обично е проследен со онанија.

Симптоми и манифестација[уреди | уреди извор]

Покажување на голи делови од телото (коишто обично се покриени со облека) пред други луѓе. Такви делови најчесто се женските гради, гениталиите (пенисот, вагината) и задните делови на двата пола. Најчесто екзибиционистите се мажи коишто проследуваат жени или девојки што минуваат, си го покажуваат половиот орган (обично во ерекција) и потоа бегаат од местото. Понекогаш мастурбираат пред жртвата.

Дијагностицирање[уреди | уреди извор]

Болеста се дијагностицира лесно. Најчесто повеќето луѓе доаѓаат до лекување поради судска одлука. Некои се мотивирани од страв за откривање од семејството или колегите, и мал број бараат лекување бидејќи нивната жена или девојка е вознемирена од растројството. Емоционалниот став према болеста варира, некои изјавуваат дека единствениот проблем што го имаат со егзибиционизмот е неприфаќањето од општеството, други осеќаат силна вина и анксиозност. Егзибиционизмот многу често е во коморбидитет со други парафилии. Тоа може да значи, пациент што се лекува од егзибиционизам многу е веројатно да се пренасочи во други форми на девијантвно сексуално однесување и да страда од депресија, анксиозност или злоупотреба со супстанции. Освен тоа, многу пациенти со парафилии не соработуваат со лекарите, поради што лекарите можат да пропуштат многу лесно друга придружна болест. Дијагностицирањето на егзибиционизам се разликува од стандардните процедури при дијагностицирање на повеќето ментални растројства. Процесот ги вклучува следните компоненти:

  • Психијатриска евалуација и преглед на менталниот статус за да се дијагностицираат психијатриски и медицински состојби, да се отфрли шизофренија, пост-трауматско стрес растројство, ментална ретардација и депресија.
  • Невролошки преглед, за да се исклучи траума на главата, конвулзии и други абнормалности на структурата на мозокот и функцијата, доколку е потребно и компјутерска томографија и магнетна резонанца.
  • Тест на крвта и урината за злоупотреба со супстанции и сексуално преносливи болести, вклучително и ХИВ скрин.
  • Преглед и проценка на сексуалното однесување. Вклучувајќи создавање на профил на секс хормоните и одговарања на прашалници. Прашалниците се назначени за измерување на когнитивните дисторзии што се однесуваат на силување и други форми на девијации, педофилија, агресија и импулзивнот.

Извор[уреди | уреди извор]

Портал за мозокот Архивирано на 5 декември 2020 г.