Душан Љубисављевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 29 мај 1974
Штип, Македонија Македонија
Починал 23 септември 2013
Скопје, Македонија Македонија
Занимање пејач

Душан Љубисављевиќ - Дуле (Штип, 29 мај 1974Скопје, 23 септември 2013) бил македонски пејач, најпознат како член на дуото Дуле и Коки.

Биографија[уреди | уреди извор]

Љубисављевиќ е роден во Штип на 29 мај 1974 година. Кариерата ја започнал заедно со неговиот другар Никола Јанков во 90тите години на 20 век во штипските кафулиња како тинејџер. По завршувањето на средното образование се преселил во Скопје, со цел повеќе да се афирмира. На јавноста и станува најпознат во 1996 година кога како дел од дуото „Дуле и Kоки“ со песната „Виолина и гитара“ победува на „Макфест“. Автори на нумерата, која станала еден од најубавите македонски евергрини, се Александар Митевски (музика и текст) и Валентино Скендеровски.[1] Заедно со Коки во својот репертоар имал над 50 композиции, а неколку од нив, како на пример Виолина и гитара, Мене место не ме фака, Марама, Дај ми шанса и други се сметаат за евергрини. Последните месеци пред смртта Дуле бил ангажиран со својот ресторан Доменика, паралелно работејќи на песните кои требало да се најдат на новиот албум на Дуле и Коки.[2] Починал на 23 септември 2013 година во Скопје.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]