Дуле и Коки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Дуле и Коки - македонско поп дуо во кое членуваа Душан Љубисављевиќ и Никола Јанков.

Историја[уреди | уреди извор]

Ова дуо на јавноста и станува најпознато во 1996 година кога со песната „Виолина и гитара“ победува на „Макфест“. Автори на нумерата, која станала еден од најубавите македонски евергрини, се Александар Митевски (музика и текст) и Валентино Скендеровски. Во својот репертоар издаде над 50 композиции, а неколку од нив, како на пример Виолина и гитара, Мене место не ме фака, Марама, Дај ми шанса и други се сметаат за евергрини. Последните месеци пред смртта на Дуле, дуото работело на песните кои требало да се најдат на новиот албум. Дуото престанува да постои со смртта на членот Дуле во 2013 година.