Дудук

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дудук

Дудукотмакедонски народен дувачки инструмент, со зарамнет крај. Се прави од дреново, јаворово или други дрва и го има во две големини: 700-780 мм и 240-400 мм (дудуче). Свирењето на дудукот е прилично лесно, и затоа е широко застапен низ Македонија. Звукот му е чист и пријатен. Дудукот свири две октави, со дијатонички и хроматски тонови. При свирењето, истиот се држи вертикално пред телото.