Драгица Ристеска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драгица Ристеска
Роден(а)22 јуни 1981
Скопје, Македонија Македонија
Занимањесликарка
Активен период2006 - сè уште

Драгица Ристеска (Скопје, 22 јуни 1981) — македонска сликарка.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Ристеска е родена на 22 јуни 1981 година во Скопје. Таа е постара сестра на позната македонска пејачка Елена Ристеска[2]. Во 2006 година дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во рамки на педагошкиот оддел, како ликовен педагог и сликар во класата на професор Рубенс Корубин. Во 2010 година ги завршила 2 годишните Мастер студии ( LACI 1 и 2 ) на Универзитетот во Орлеан, Франција, во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со што се стекнала со две дипломи (македонска и француска) во областа: „Бизнис и меѓународна трговија”. Зборува француски, англиски и италијански јазик. До 2010 година работела во Музејот на современа уметност во Скопје, во образовниот оддел. Од 2006 година има учествувано на бројни групни изложби и уметнички саеми во земјава и странство.

Наводи[уреди | уреди извор]