Догмен (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Догмен“ (англиски: Dogman) — италијански филм од 2018 година, во режија на Матео Гароне (Matteo Garrone), кој е автор и на сценариото, заедно со Уго Кити (Ugo Chiti) и Масимо Гаудиозо (Massimo Gaudioso). Филмот е снимен според вистински случа, кој се случил 30 години претходно. Главните улоги ги толкуваат: Марчело Фонте (Marcello Fonte), Алида Балдари Калабрија (Alida Baldari Calabria), Едоардо Пеше (Edoardo Pesce) и Нунција Скјано (Nunzia Schiano). На Канскиот филмски фестивал, Марчело Фонте ја освоил наградата за најдобар глумец, режисерот бил номиниран за „Златната палма“, а филмот ја освоил наградата „Palm Dog“. Покрај тоа, филмот имал шест номинации на Европските филмски награди од кои освоил три, вклучувајќи ја и наградата за најдобар глумец (Фонте).[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Марчело (го игра Фонте) е сопственик на салонот за кучиња „Догмен“ во едно мало крајбрежно место. Тој живее мирен живот, профатен е во соседството, а се грижи за својата мала ќерка со која одвреме-навреме оди на нуркање. Меѓутоа, животот му го загорчува насилниот криминалец Симоне (го игра Пеше), кој го принудува да го снабдува со кокаин, а понекогаш го вмешува и во неговите валкани работи. Еднаш, Симоне ограбува еден дуќан, влегувајќи од салонот на Марчело, а поради таа кражба Марчело издржува затворска казна во траење од една година. По излегувањето од затворот, соседите го избегнуваат Марчело, а и Симоне го игнорира. Кога Марчело ќе му побара дел од украдените пари, Симоне го одбива и налутениот Марчело му го крши мотоциклот. Утредента, Симоне сурово го претепува Марлчело за направената штета на мотоциклот. По некое време, Марчело му се извинува на Симоне и го намамува во својот дуќан со приказната дека треба да се сретне со трговци со дрога. Таму, тој го затвора Симоне во кафез за кучиња, а кога Симоне ќе се обиде да излезе, Марчело го удира по главата. Симоне се осветсува и почнува да го дави, а Марчело успева да се спаси при што ненамерно го убива Симоне. Потоа, тој носи мртвото тело надвор од градот и го пали. Тогаш, нему му се причинува дека ги гледа своите пријатели, се враќа назад, го гаси огнот, го крева мртвиот Симоне и го носи на детското игралиште со намера да им покаже на пријателите дека тој го убил силниот Симоне.

Наводи[уреди | уреди извор]