Догледање деца (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Догледање деца (француски: Au Revoir les Enfants) - француски филм од 1987 година, во режија на Луј Мал (Louis Malle), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Гаспар Манесе, Рафел Фејто, Франсоа Негре итн. За филмот, Мал ја освоил наградата БАФТА за најдобра режија и Европската филмска награда за најдобро сценарио. Исто така, филмот освоил седум награди „Цезар“, пет награди на Венецијанскиот филмски фестивал (вклучувајќи ја и наградата „Златен лав“), а бил номиниран и за „Оскар“ во две категории.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

За време на Втората светска војна, во еден француски католички интернат се школуваат децата на богатите родители. Меѓутоа, меѓу нив се наоѓаат и три еврејски деца кои ги кријат свештениците. Жулијан Квентан (го игра Манесе) е дете од богати родители. Тој се спријателува со новиот ученик Жан Боне (го игра Фејто) кој се однесува необично и за кого открива дека е Евреин. Меѓутоа, еден ден, во интернатот упаѓаат нацистите, кои успеваат да ги откријат Евреите, а поради нивната заштита е уапсен и раководителот на интернатот. Жулијан е вџашен кога открива дека децата ги предал Жозеф, момчето кое е избркано поради проневерите во кујната на интернатот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]