Добрило Ненадиќ
Добрило Ненадиќ (српски: Добрило Ненадић; Вигоште, 23 октомври 1940 — Вигоште, 15 август 2019) — српски писател.
Животопис
[уреди | уреди извор]Ненадиќ е роден на 23 октомври 1940 година, во местото Вигоште крај Ариље. Диломирал агрономија на Земјоделскиот факултет во Земун. Живеел и работел како агроном во Ариље.[1] Починал на 15 август 2019 година во родното место.
Творештво
[уреди | уреди извор]Првиот свој роман, „Доротеј“ го објавил во 1977 година, како заедничко издание на „Рад“, „Народна књига“ и БИГЗ“. Покрај признанието од книжевната критика, романот ја освоил и пошироката публика, освојувајќи ја наградата за најчитаната книга во 1978 година во библиотеките на СР Србија. Во 1981 година, врз основа на овој роман е снимен истоимениот филм. Потоа, Ненадиќ го објавил романот „Дожд“ (Народна књига, 1979) кој претставува прв дел од започнатата трилогија, по што следувал романот „Врева“ (Народна књига, 1981).[1]
Библиографија
[уреди | уреди извор]- „Доротеј“ (роман),
- „Дожд“ (роман),
- „Врева“ (роман),
- „Поплава“ (роман),
- „Статист“ (роман),
- „Диви ѕвезди“ (роман),
- „Роман за Обилиќ“ (роман),
- „Поларна светлост“ (роман),
- „Деспотот и жртвата“ (роман),
- „Ураган“ (роман),
- „Брајан“ (роман),
- „Сабјата на грофот Вронски“ (роман),
- „Победници“ (роман),
- „Лошата воља на кнезот Бизмарк“ (роман),
- „Железно време“ (роман),
- „Хермелин“ (роман),
- „Во сенката на црната смрт“ (роман),
- „Време на кокошките“ (роман),
- „Магла“ (драма),
- „Ахилиј“ (новели).